Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ја испитува можната врска помеѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки. Форма на заболување близу до болеста Кавасаки предизвика прв смртен случај на дете во Франција.

Првичните хипотези се дека овој воспалителен синдром може да биде поврзан со Ковид-19. Ги повикуваме сите медицински лица во светот да работат заедно со властите и со СЗО за да анализира подобро тој синдром кај децата. Од суштинско значење е итно да се проучат карактеристиките на синдромот со цел да се најде причинско-последична врска и да се презентираат третмани за лекување – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.