СЗО многу скоро ќе испрати експертска мисија во Кина, чија цел ќе биде да го утврди потеклото на коронавирусот, изјави денеска Тедрос Адханом Греберејсус на брифинг во Женева.

Според него, организацијата моментално ги одредува параметрите на мисијата, пренесоа британските медиуми.

Целта на мисијата е да се подобри разбирањето за животинскиот домаќин на Ковид-19 и да се утврди како болеста се прошири д животните на луѓето, истакна Тедрос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.