Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Тарик Јашаревиќ, порача дека патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против корона вирусот.
СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме оти вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања. Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап – истакна Јашаревиќ.
СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.