Светската здравствена организација (СЗО) вчера го пофали шведскиот одговор на пандемијата на коронавирусот. Швеѓаните решија да воведат условно кажано поблаги мерки во однос на другите земји за справување со ковид-19.
Доктор Мајк Рајан, извршен директор на СЗО, цврсто го бранеше пристапот на оваа скандинавска земја.
Мислам дека постои перцепција оти Шведска доволно не ги контролира мерките и дека едноставно властите дозволиле болеста да се шири. Ова е многу далеку од вистината. Шведска воведе многу силна политика за јавно здравје, физичко дистанцирање на луѓето, грижа и заштита за оние во болниците и другите институции, изјави д-р Рајан.
Тој го опиша шведскиот пристап кон коронавирусот како партнерство со граѓаните.
Ако сакаме да постигнеме враќање во нормала, Шведска на многу начини ќе биде модел за иднината, доколку целта е да се вратиме во живот без карантин“, рече тој во Женева.
Според најновите податоци, Шведска има нешто повеќе од 20.000 потврдени случаи на коронавирус и над 2.400 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.