Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека минатата недела бројот на заразени со корона вирус се зголемил за 11 отсто во Европа, единствениот регион во светот каде што бројот на заразени продолжува да расте од средината на октомври.

СЗО во неделниот извештај за пандемијата објави дека бројот на нови случаи на инфекција и смртни случаи од последиците на корона вирусот ширум светот се зголемил за околу шест проценти.

Минатата недела се пријавени 3,6 милиони нови инфекции и 51.000 смртни случаи.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека доколку не се преземат итни мерки наскоро, Европа би можела да забележи уште 700.000 смртни случаи до пролет.

Европскиот регион останува во канџите на пандемијата на Ковид-19 – изјави Клуге.

Тој ги повика европските земји да ја забрзаат вакцинацијата и да преземат други мерки, како што се задолжително носење маски и физичка дистанца, за да се избегне употребата на последното средство, односно целосно затворање.

Клуге додаде дека повеќе од милијарда дози вакцини се дистрибуирани низ европскиот регион на СЗО, кој се протега од Централна Азија и дека стапката на вакцинација е меѓу 10 и 80 проценти.

Според СЗО, на глобално ниво, бројот на новозаразени лица се намалил за 11 отсто во Југоисточна Азија минатата недела, додека на Блискиот Исток имало намалување за девет отсто.

Најголем пад на бројот на починати од корона вирусот, 30 отсто, минатата недела е забележан во Африка.

Во Cеверна и Јужна Америка бројот на заразени е стабилен, а бројот на починати е зголемен за 19 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.