Извршниот директор на програмата за здравствени итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Мајк Рајан (на сликата) процени во понеделникот дека приближно една десетина од светската популација можеби веќе била заразена со коронавирус, пренесува британски Мирор.
Останатите 90% се уште се изложени на ризик, рече тој на специјалната седница на Извршниот одбор на СЗО во Женева. Рајан, исто така, посочи дека следува „тежок период“, бидејќи болеста се шири низ целиот свет.
Населението на планетата се проценува на 7,8 милијарди, додека медицинските податоци собрани од целиот свет покажуваат дека има скоро 35,5 милиони документирани случаи на Ковид-19 или приближно 0,46% од целата популација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.