Светската здравствена организација објави дека, очигледно, строгите ограничувања воведени во голем број европски земји даваат резултати.
Строгите мерки како што се затворање на кафулињата, рестораните, а на некои места дури и на училиштата, доведоа до пад на бројот на социјални интеракции и, следствено, на мало опаѓање на бројот на неделни случаи на коронавирус од 2 милиони на 1,8 милиони. Тоа е мал сигнал, но сепак е сигнал, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Тој тврди дека идните заклучувања може да се избегнат доколку се користат технологии за следење контакти и ако луѓето носат маски.
Цврсто верувам дека пред нас има повеќе надеж отколку очај. Ќе имаме поинаков Божиќ, но тоа не значи дека не може да биде среќен, додаде Клуге.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.