Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека пребрзото укинување на вонредните, превентивни, антиепидемиски мерки е „рецепт за катастрофа“.
Шефот на СЗО истакна дека земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен однос кон спречување на ширење на корона вирусот и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“.
Гебрејсус повтори дека најважни превентивни мерки за секоја земја и поединец се спречување на ризични настани, заштита на ранливи социјални групи, лична одговорност и самозаштита, наоѓање, изолирање, тестирање и лекување на сите болни со проверка на контактите што претходно ги оствариле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.