Земјите кои ги ставаат своите сопствени интереси пред другите во обидите да изградат залихи на можна вакцина против коронавирус, само ја прават пандемијата посилна, предупреди во вторникот лидерот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.
Да се дејствува стратешки и глобално, всушност е национален интерес на секоја земја – никој не е безбеден додека сите не се безбедни, изјави тој на виртуелен брифинг, повикувајќи на укинување на „вакциналниот национализам“.
Тој додаде дека испратил писмо до сите земји членки на СЗО, барајќи од нив да се приклучат на заедничкиот мултилатерален напор на „Ковакс“ за производство на вакцини.
Повеќе од 21,9 милиони луѓе ширум светот се пријавиле дека се заразени со коронавирус, а 772.647 починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.