Свршеницата на Џулијан Асанж, Стела Морис, откри дека основачот на Викиликс доживеал мозочен удар во затворот на 27 октомври. На Асанж му бил дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно негово појавување пред Високиот суд во октомври, пишува Daily Mail.

На Џулијан му е тешко и се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа само ги зголемува нашите стравови дали тој ќе може да ја преживее оваа долга правна битка која сè уште трае, рече Морис, која има две деца со Асанж.

Мозочниот удар се случил во октомври, месецот во кој Асанж беше испрашуван од Високиот суд преку видео врска од затворот Белмарша.

Сè треба да се реши под итно. Погледнете ги животните заробени во кафези во зоолошката градина. Тоа им го скратува животот. Тоа е она што се случува со Џулијан. Континуираните судски спорови се исклучително стресни психички“, рече таа.

Тој истакнува дека на Асанж му недостасува свеж воздух, сончева светлина и соодветна исхрана.

Таа рече и дека на 27 октомври бил премногу болен за да присуствува на рочиштето, но дека судијата не му дозволил да го одложи рочиштето.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е блиску до екстрадиција од Велика Британија во САД, откако американската влада го доби случајот за екстрадиција во Лондон.

Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската влада поради одбивањето да го екстрадира Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа.

Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи во 2010 и 2011 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.