И по 55 дена од катастрифалниот пожар меѓу 60 и 150 работници секојдневно ги расчистуваат урнатините и се обидуваат да ја стабилизираат структурата на катедралата. Главниот инженер , кој раководи со реконструкцијата , архитектот Филип Билнев предупредува дека сводот и натаму би можел целосно да се урне.
Што се однесува до петгодишниот рок што на градителите им го постави претседателот Емануел Макрон , до Олимпијадата во 2024 , Вилнев вели дека е можно да се завршат грубите работи во тој рок. Но за да се извеши реконструкција и рерставраторските работи на розетата , сигурно ќе треба повеќе , смета Вилнев.
Усвојувањето на проектот во парламентот е во застој , иако владата сака што побргу да се одобри. Се очекува законот за реконструкција на Нотр Дам да се усвои до крајот на јули.
Пратениците се незаддоволни , зашто Макрон сака да даде свој печат на Нотр Дам , како што направи неговиот претходник Франсоа Митеран со поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.