Претседателот на Владата  Оливер Спасовски е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“, иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер зад кое со поддршка застанаа уште 63 организации од светот. Писмото го потпишаа голем број активни и поранешни политички лидери, шефови на држави и влади, како и останати политички и граѓански лидери ширум светот, вклучувајќи 13 нобеловци.

Како што соопшти владината прес-служба, писмото има цел да ја подигне свеста и да ги мобилизира граѓаните и носителите на политики да ја заштитат демократијата во услови на пандемијата со Ковид-19, во кое се истакнува дека справувањето со оваа глобална криза не смее да се спроведува на сметка на човековите права на сите граѓани, особено малцинствата и ранливите групи.

– Постоечката пандемија претставува сериозен глобален предизвик и за демократијата и таа не смее да биде заобиколена или под закана и луѓето што се грижат за неа мора да смогнат волја, дисциплина и солидарност во нејзина одбрана. Во прашање е слободата, здравјето и достоинството на луѓето насекаде“, се вели во отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.