Светските лидери денеска во Портсмут, на југот на Велика Британија присуствуваат на одбележувањето на 75-годишнината од најголемата поморска инвазија во историјата, таканаречениот Ден Д.
Во придружба на британската кралица Елизабета Втора и премиерката Тереза Меј е американскиот претседател Доналд Трамп, со сопругата Меланија.
На овој начин, Трамп, на последниот ден од неговата посета на Велика Британија, ќе им оддаде почит на американските и сојузничките војници кои помогнаа да се спаси Европа од нацистичка Германија.
Тој рече дека се радува на одењето во Портсмут за да ја одбележи „можеби и најголемата битка во историјата“, наведува Би-БИ-Си.
На комеморацијата присуствуваат 15 светски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, канцеларката Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо, австралискиот премиер Скот Морисон и уште десет официјални претставници од други земји.
На церемонијата присуствуваат официјални претставници од сите земји кои се бореа заедно со Обединетото Кралство. Сите земји се согласија да објават заедничко соопштение во кое ќе ветат дека „нема да се повторат незамисливите ужаси од Втората светска војна“.
Во таканаречениот „Проглас на Денот Д“, 16-те потписнички, вклучувајќи го и Обединетото Кралство и САД, се залагаат да работат заедно за „мирно решавање на меѓународните тензии“.
Во раните утрински часови на 6 јуни 1944 година, повеќе од 150.000 сојузнички војници го напуштиле Портсмут и неговите околни области и започнале воздушни, поморски и копнени напади врз Нормандија, што на крајот доведе до ослободување на Западна Европа од нацистичкиот режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.