Светска економија годинава ќе забави, растот ќе биде помал, но бројот на вработени ќе се зголеми посебно во земјите од групата Г-7. Се очекува да се почуваствува стареењето на работната сила со тоа што бројот на луѓето постари од 60 години ќе се зголеми на една милијарда. Со вакви прогнози за светската економија деновиве излезе британската консалтинг агенција „Прајсватерхаус куперс“.
Агенцијата предвидува дека светската економија во 2020 година ќе порасне за 3,4 осто во однос на паритетот на куповната способност, додека просечната величина на овој показател за 2020 ќе биде 3,8 отсто.
Треба јасно да разбереме дека се случува глобално намалување на растот на економијата, кое се одликува со продолжување на интеграцијата и економски развој, но со многу понамалено темпо, пониско од средното – смета Барета Купелјан, економист на „Прајсватерхоус“.
Ваквата состојба во глобалната економија економистите ја нарекуваат „слоубализација“.
Исто така, во 2020 година се очекува извозот на услуги во светот да достигне 7 милијарди долари, а главен збор ќе имаат САД и Велика Британија.
Според Агенцијата треба да се очекува раст на вработените во земјите од групата Г-7 (индустриски најразвиените демократии), до бројка од 2 милиони вработувања, и уште 8 милиони нови работни места во седумте најголеми земји во развој како Кина, Русија или Бразил.
Агенцијата предвидува бројот на светската популација во 2020 да се зголеми до 7,7 милијарди луѓе, додека бројот на луѓе постари од 60 години да биде 1 милијарда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.