Пандемијата на новиот коронавирус доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите што им ги испраќаат.
Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот ќе падне за 20 проценти оваа година.
Се проценува дека најсиромашните луѓе во светот кои живеат со парична помош од роднини од странство, ќе бидат лишени од околу 100 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.
За споредба, падот на вредноста на дознаките од странство заради светската економска криза во 2009 година беше пет проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.