Свештеник на суд рекол дека не му е јасно зошто го направил тоа и дека тој за себе има сосема поинаква слика. Неговата сопруга размислувала да го остави…

Свештеникот Рајнер Х. (60) од Германија се нашол на суд бидејќи на интернет договарал со двајца мажи да ја силуваат неговата бивша љубовница. девојката која медиумите ја нарекле Јулиjа К. имала 20 години кога ја почнала врската со свештеникот. Кога го оставила, свештеникот отишол во интернет кафе и таму се поврзал со двајца мажи.

Свештеникот се претставил како жена и на мажите им ја дал адресата од својата љубовница и упатства за насилен секс.

На мажите сето тоа им било смешно. Жената која ништо не наслутувала ја нашле на нејзината адреса но не дошло до секс. Свештеникот во меѓувреме не и се извинил на жртвата, бидејќи рекол дека немал пртилика за тоа. Рекол дека не му е јасно зошто го направил тоа бидејќи тој за себе има сосема поинаква слика. Неговата сопрга размислувала да го остави, но на крај заклучила дека тој е добар сопруг и татко. Судењето на свештеникот кое е главно затворено за јавност продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.