На Крит е уапсен маж осомничен за убиството на американската научничка Сузана Итон(59), молекуларен биолог, која работеле на познатиот институт во Дрезден во Германија.

Сузана на грчкиот остров дошла поради работни обврски, бидејќи таму се одржувала научна конефернција. Исчезнала на 2 јули, кога отишла на трчање.

Шест дена подоцна нејзиното тело е најдено во еден бункер од Втората светска војна. Во полицискиот извештај е наведено дека сексуалното злоставување бил главниот мотив за напад. Телото и било во таква состојба што полицајците биле вчудоневидени.

Уапсен е локален маж(27), кој веќе го признал нејзиното убиство, пренесуваат грчките медиуми. Според вестите од Крит, осомничениот е оженет и татко на две деца.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.