Кинеските власти огласија црвен аларм за источниот дел на земјата поради доаѓањето на супертајфунот Лекима, кој веќе предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Тајван.
Тајфунот утре би требало да ја погоди кинеската провинција Жеџианг и делтата на реката Јангце, како и градот Шангај, а властите предупредуваат дека се работи за најсилниот тајфун во последните пет години. Во Шангај не се продаваат карти за железница, бродскиот сообраќај е запрен, а под рестрикции е и целиот сообраќај во провинцијата Жеџианг. Илјадници лица, кои живеат покрај брегот на Шангај во текот на денот ќе бидат евакуирани.
Лекима денеска го погоди Тајван, каде се затворени училиштата, а повеќе од 40 илјади домови се без електрична енергија. Лекима е деветти тајфун годинава, а супертајфун стана вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.