Судот во Пенсилванија наредил државата да не ги брои гласачките ливчиња, каj кои гласачите требало да дадат доказ за идентитетот, но тоа не го сториле до 9 ноември, пренесуваат американските медиуми.
Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба до федералниот суд во Пенсилванија со барање судот да го прекине прогласувањето на Џо Бајден за победник во таа држава.
Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија не бил транспарентен и дека не бил предмет на проверки спроведени за време на гласањето на избирачкото место.
Според тврдењата на неговиот изборен штаб, властите во Пенсилванија со тоа го прекршиле Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.