Револтирани граѓани на Лубин, град во западниот дел на Полска, фрлаа камења и цигли врз полициска станица во знак на протест поради неодамнешната смрт на еден човек, додека бил во притвор.
Околу 200 луѓе се собрале пред полициската управа во градот Лубин, палејќи свеќи, но во еден момент околу 30 демонстранти упаднале во полициската зграда, поради што припадниците на безбедносните сили употребиле солзавец.
По полициската интервенција, демонстрантите почнале да фрлаат шишиња и други предмети кон полицајците и кон зградата, кршејќи ги прозорците, а потоа запалиле канта за отпад, која подоцна била изгасната од пожарникарите.
Во инцидентот се повредени неколку полицајци, а приведени се десетици демонстранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.