Австралијанецот Брентон Тарант кој уби 51 лице во напад на две џамии во Крајстчерч во Нов Зеланд е осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода.

Слична пресуда никогаш порано не била изречена пред судот во Нов Зеланд.

Тарант (29) ја признал вината по 51 точка од обвинението за убиство, 40 за обид за убиство и за тероризам. Судијата Камерон Мендер неговите постапки ги нарекол „нехумани“.

-Вашето злосторство е толку зло, па и доколку бидете доживотно затворени тоа нема да биде доволна казна, посочил судијата Мендер.

Казната доживотен затвор без узловна слобода значи дека осуденикот нема да има можност да излезе од затвор кога ќе отслужи дел од казната. Нов Зеланд во двојот правосуден систем нема смртна казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.