Тишко Ахмед Шабаз (23), кој е обвинет за убиство и обезглавување на неговата поранешна девојка Вилма во Шведска, наводно мислел дека таа е Сатана и работи против неговиот херој, претседателот на САД, Доналд Трамп.
Како што пријавиле пријателите на жртвата во полиција, Шабаз го контролирал секој чекор на 17-годишната Вилма Андерсон, сè до нејзиното исчезнување. Наводно, во изјава до органите за спроведување на законот, тие откриле дека осомничениот дури инсталирал апликација на телефонот на Вилма, со што го следел нејзиното движење.
Вилма исчезнала на 14 ноември минатата година, откако отишла во станот на Шабаз во Удевали за да земе некои работи што останале кај него. Една недела подоцна, полицијата ја нашла отсечената глава во куфер, а минатата недела го обвинила за убиство што тој го негирал.
На инспекторите им било кажано дека осомничената верувала дека неговата поранешна девојка е „Сатана и дека работи со демократите против Трамп“, пишува шведскиот весник „Афтонбладет“. Тој, наводно, рекол за Трамп дека е негов херој и дека се обидел да патува во Америка за да му помогне на неговиот тим за време на предизборната кампања за претседател. Сепак, не му било дозволено да влезе во земјата затоа што ги немал потребните документи.
Кога полицијата извршила претрес во станот на 23-годишниот маж од ирачко потекло, траги од крв биле пронајдени насекаде. Некои медиуми дури тврдат дека „остатоците од Вилма биле пронајдени на кујнскиот нож“, пренесува „News.co.au“.
Една од најголемите потраги во историјата
Најмалку 5.000 експерти, полицајци и волонтери учествувале во потрагата по Вилма, една од најголемите во шведската историја. Полицијата ја пронашла главата на несреќната девојка во куфер, а таа била завиткана во алуминиумска фолија. Сепак, телото на девојчето сè уште не е пронајдено.
Многумина веруваат дека судењето за смртта на Вилма е судење на векот, а процесот ќе започне следната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.