Американскиот претседател Доналд Трамп нема право да спречува достап на критичарите да пристапуваат на неговата Твитер сметка, соопшти денеска федерален суд.
Тричлен состав на Апелациониот суд од Вториот федерален судски округ, кој заседава во Менхетен, едногласно одлучи дека Првиот амандман на Уставот му забранува на Трамп да ја користи функцијата „блокирање“ на Твитер за да го ограничи пристапот до својот, инаку јавен профил.
Во мотивите за одлуката, судијата Барингтон Паркер пишува дека Првиот амандман не дозволува „јавно службено лице, која користи сметка во социјалните медиуми за секакви службени цели, да исклучува од онлајн дијалог лица, со различно мислење, бидејќи тие изразуваат ставови со кои службеното лице не е во согласност“.
Немаше итен коментар од Белата куќа и Одделот за правда на САД за оваа тема. Досега нема коментари од администраторите на Твитер.
Денешната одлука ја потврдува одлуката на федералниот окружен суд во Менхетен од мај 2018 година. Тогаш Министерството за правда посочи дека пресудата е „фундаментално недоразбирање“, објаснувајќи дека Трамп користи Твитер за да ги шири своите ставови, а не како платформа за јавна дискусија.
Доналд Трамп ја претвори сметката на @RealDonaldTrump во централен дел од неговото претседателствување. Во неа ја објавува својата агенда, објавува политики и ги напаѓа критичарите.
Тој има 61,8 милиони следбеници, додаде Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.