Млада нововенчана двојка е убиена во пукање во Јаравил, во предградието на Мелбурн, јавуваат австралиските медиуми.

Ветон Мусаи (29) починал во болница, ден по смртта на неговата 25 годишна сопруга Линдита.

Таткото на Линдита останува во болница под полициска заштита, каде му се санираат повредите здобиени од огнено оружје.

Полицијата соопшти дека нема потрага по друго лице во врска со овој инцидент.

Инаку семејството Мусаи е по потекло од Струга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.