Австралискитe власти во Сиднеј регистрирале највисок број нови случаи на Ковид-19 во последните неколку месеци, иако градот е во состојба на строг карантин веќе две недели.

Регионалната влада соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 38 нови случаи во Сиднеј, со што бројот на заразени со делта сојот пораснал на над 370.

Властите соопштија дека имало бројни прекршувања на мерките за карантин со тоа што луѓе оделе на гости и апелираа до граѓаните да седат дома.

Само треба граѓаните да престанат да се дружат за да успее карантинот. Ве молиме да престанете да одите во посета на луѓе кои се надвор од вашето најблиско семејство. Најблиско семејство значи тие со кои живеете, не значи поширока фамилија или пријатели – изјави премиерката Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан.

Сиднеј е најголем град во Австралија, со 5 милиони жители и има наредба за карантин до 17 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.