Новинската агенција В4 објави репортажа за политички поврзаниот милијардер Џорџ Сорос, и неговите најголеми стравови. Во репортажата беа пренесени шокантните коментари за Втората светска војна и за купувањето политичко влијание од страна на Сорос без да се излезе на избори, а во третиот дел се зборува за неговиот страв од тоа дека неговите активности еден ден ќе потонат во заборав.

Сорос се подготвува за да одговори на својот најголем страв – дека имиџот што го изгради за себе ќе биде заборавен. Сакајќи да го засили култот што го креираше околу себе, тој смета на неговите организации да му помогнат во ова.

Џорџ Сорос се сметал себеси за некој вид на Бог уште од своето детство, за што пишуваше и во својата книга “Алхемија на финансиите”. Тој зборуваше за комплексот на спасител што го има и во интервју за Индепендент во 1993 година.

Ова е своевидна болест, да сметаш за себе дека си некаков Бог, создател на се околу себе, но јас се чувствувам удобно во таа положба бидејќи почнав да живеам така, изјави Сорос.

Во текст објавен во Њујоркер, Сорос се спореди себеси со старозаветниот Бог. Во текстот се вели дека овој берзански шпекулант не е мотивиран само од парите, и затоа ја формирал својата фондација – која функционира повеќе како секта – преку која неговите пари и влијание продираат до многу држави низ светот. Според неговите соработници, ова е негов обид да постигне бесмртност.

Иако Сорос несомнено се плаши од смртта и од опасноста да биде заборавен, тој ги охрабрува другите да ја прифатат смртта, па дури кога стануваше збор за неговите родители. Во студија за легализирање на еутаназијата во САД објавена од Фондацијата Отворено Општество, тој разговараше за смртта на неговите мајка и татко. Тој рече дека мајка му се сместила во приватен дом во Америка во кој се промовира еутаназијата наречен Друштвото Хемлок каде пациентите имаат можност да решат на кој начин планираат да заминат од овој свет. Во текстот се вели дека милијардерот, кој самиот себеси се гледа како некој вид на Бог, бил подготвен и активно да придонесе кон смртта на неговата родена мајка.

Ја прашав дали ѝ е потребна мојата помош. Ѝ ја понудив… И ќе Ѝ помогнев бидејќи сметав дека имам обврска на тоа, изјави Сорос.

Во истиот текст Сорос објаснува како лекарите се слабо обучени за да се справат со смртоносни болести. Вели, “лекарите и сестрите работат на промовирање на животот, наместо да го подготват пациентот за смртта”.

Според неговите поранешни колеги, Сорос ја формирал својата фондација за да го избегне големиот страв од заборав и за да постигне бесмртност. Но неговиот план не е добро прифатен насекаде – на многу земји им здодеа да го трпат американскиот шпекулант и неговото неповикано мешање во нивните внатрешни работи со децении (како што посочивме во вториот дел од овој серијал, Сорос никогаш немаше храброст самиот да излезе на избори).

Во октомври доктор Стив Тарли, конзервативен научник и коментатор, објави видео на Јутјуб во кое посочи на земјите кои се спротиставуваат на идејата за отворено општество на Сорос.

 

 

Во 2013 година претседателот на Турција го обвини шпекулаторот дека ги поддржува протестите што беа во тек во Турција. Реџеп Тајип Ердоган обивнува дека Сорос ангажирал луѓе со цел да креираат поделби и да уништуваат држави. Во 2018 година, кога одново беше отворена истрагата во протестите од 2013, фондацијата на Сорос ја затвори својата канцеларија во Турција за да не биде изложена на истрага.

Во 2015 година, јавното обвинителство на Русија забрани две од организациите на Сорос, Фондацијата Отворено Општество и Фондацијата за Помош на Отвореното Општество, велејк’и дека активностите на овие организации претставуваат закана за рускиот уставен поредок и безбедност.

Во 2017 година фондацијата на Сорос беше принудена да ја затвори својата канцеларија во Пакистан откако и беше одбиено барањето да се регистрира. Министерството за внатрешни работи на Пакистан им даде на неговите претставници 60 дена да ја напуштат земјата.

Покрај овие држави, и други земји изразија противење на агресивното ширење на мрежата на Сорос, неговиот екстремен либерализам и отвореното општество како што Сорос го претставува, и го наметнува во земји ширум светот. Во 2019 година Сорос се пожали дека неговите идеи се потиснуваат низ светот.

Исплашен дека се поголем број луѓе ја отфрлаат неговата идеологија, Сорос во 2018 година донираше голем дел од неговото богатство – 18 милијарди долари – на својата фондација. Со овој потег тој се погрижи дека фондацијата ќе продолжи да функционира во наредните години, и ќе го избегне својот најголем страв – дека “ликото и делото на Сорос” ќе биде заборавено.


Завршува



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.