Во првиот дел од овој серијал на новинската агеција В4, зборувавме за минатото на Џорџ Сорос, кое го прогонува до денешен ден. Во вториот дел, ќе покажеме како Џорџ Сорос никогаш не собра храброст да се кандидира на избори, дури ни за локална функција. Оттаму, никој не знае дали би бил избран на некоја функција. Место да биде демократски избран, тој со пари врши влијание врз политиката.
Во изминатите децении, Џорџ Сорос преку финансиски шпекулации насобра милијарди долари, и голем дел од овие пари ги користи за преку неговите фондации да купи влијание врз политичарите. Дополнително, ги користи за да ги замолчи тие што изразуваат спротивни мислења на неговите.
Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос со децении финансира стотици организации ширум светот кои ги претставуваат интересите на империјат ана Сорос. Овие навидум невладини организации – исто како и нивниот шеф – влијаат врз политичките настани во своите земји без да се погрижат да бидат избрани од граѓаните. Неговите организации влијаат врз политичките исходи во државите секогаш кога на Сорос му е потребна помош во таа насока.
Џорџ Сорос донирал 5,6 милиони долари од неговото лично богатство на организацијата Демократија ПАК, додека на Фондот за политички реформи му префрлил дополнителни 46 милиони долари. Овие организации се основани од берзанскиот шпекулант пред десет години, со почетен фонд од 100 милиони долари.
Џорџ Сорос исто така одржува добри односи со бројни политичари низ Европа, лидери на држави, членови на Европската Комисија и европратеници, кои служат како негови сојузници. За време на мандатот на претходниот Европски Парламент беше објавена листа на стотици европратеници кои мрежата на Сорос ги обележала како нивни сигурни сојузници.
Па така, овој милијардер влијае врз политичките исходи со своите пари и организации, без да биде избран на политичка функција. Тој никогаш не добил мандат од граѓаните и не се опробал на избори, бидејќи токму тука лежи неговиот страв – дека ќе претрпи политички пораз.
Во текст за Џорџ Сорос, весникот Фајненшл Тајмс пишува дека тој е бајрактар на либералната демократија и на отвореното општество, посветен на отвореност, слобода на медиумите и човековите права.
Всушност, влијанието на овој бизнисмен посегнува кон печатот, каде гласовите кои се спротиставени на либералните позиции редовно се забрануваат или игнорираат од страна на медиумите финансирани од Сорос. Има безбројни примери на овој феномен низ минатите години, а многу се забележани само во текот на оваа година.
Изминатото лето, уредникот на страниците со колумни на весникот Њујорк Тајмс Џејмс Бенет беше принуден да поднесе оставка. Во исто време, заменикот уредник Џим Дао беше прераспореден на друга позиција во редакцијата. Казната уследи затоа што објавија колумна на сенаторот Том Котон од Арканзас, во врска со низата протести на организацијата БЛМ, кои ги потресоа САД. Во текстот насловен „Пратете ја војската“, Котон бараше насилните демонстранти да бидат совладани, ако треба и со воена интервенција. Џорџ Сорос има сопственички удел во весникот. Во 2018 година, една од неговите инвестициски компании купи акции на Њујорк Тајмс за повеќе од тримилони долари.
Ова беше само вториот голем скандал кој го наруши угледот на весникот во неколку месеци. Претходно, Њујорк Тајмс објави за скандалот во кој жена го обвини Џо Бајден за сексуален напад, но набргу потоа на сцена стапи само-цензурата, под притисок на изборната кампања на Бајден. Телевизијата Фокс Њуз објави дека Њујорк Тајмс бил под притисок да го измени текстот за сексуалниот напад на Бајден. Според телевизијата, весникот го изменил текстот на барање на кампањата на Бајден.
Во ноември, Џорџ Сорос објави колумна на порталот Проект Синдикат, во кој им подели совети на лидерите на ЕУ, а отворено ги нападна Полска и Унгарија, сугерирајќи и на ЕУ да ги казни двете земји. Унгарскиот премиер Виктор Орбан му даде пишан одговор, кој не беше објавен од страна на порталот, за кој се смета дека е еден од гласноговорниците на Сорос. Со години овој портал редовно ги објавува коментарите на шпекулантот, но цензурира спротиставени мислења.
Па така, Сорос е практично неранлив. Тој не прифаќа отворена дебата, а сепак влијае врз политиката и јавното мислење преку мрежата која ја изгради. Милијардерот се крие зад своите организации и зад медиумите кои ги финансира.
Но Сорос не се крие само зад своите организации, туку и зад вистински бетонски ѕидови. На почетокот на 2019 година, политичките дебати во САД се фокусираа на планот да се изгради ограда долж границата со Мексико, за да се спречи илегалната имиграција. Секако, Сорос, како силен поддржувач на миграцијата, се спротистави на изградбата на оваа ограда. Но во исто време новинарите откријат дека милијардерот не е толку силен противник на ѕидовите кога се работи за неговиот личен имот. Неговата резиденција во Њујорк е оградена со бетонски ѕид кој постојано е под будното око на безбедносни камери и приватно обезбедување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.