Ураганот Доријан понатаму се движи над Бахамите и сее пустош. Овој ураган, втор најсилен во историјата, уништи или оштети 13 илјади куќи. Се уште не се знае бројот на жртви, но познато е дека загинало едно осумгодишно момче. Добивањето информации од островите беше отежнато поради фактот што невремето предизвика и прекин на струјата и интернетот.
Откако помина преку островот Абако и некое време сопре над островот Гранд Бахама, Доријан бавно се движи кон западот, односно кон брегот на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.