Најмалку четири лица загинаа , а 285 се повредени во судирот со војската на границата меѓу Венецуела и Колумбија.

Судирите почнаа кога волонтерите се обидоа да ги внесат камионите со хуманитарна помош во Венецуела преку затворената граница со Колумбија , каде Мадуро постави војска.

Од 285 повредени , 37 се во болница во Колумбија, соопшти министерот за надворешни работи на оваа земја. Меѓу убиените е и 14 годишно момче.

Запалени се и повеќе камиони со хуманитарна помош. Својот бес за хаотичната состојба на колумбиската граница , Мадуро го сврте кон Колумбија и објави дека Венецуела ги прекинува сите политички и дипломатски односи со оваа земја , а на колумбиските дипломати им даде 24 часа за да ја напуштат Венецуела.

Колумбиските власти објавија дека венецуелската војска дезертира и дека најмалку 13 војници пребегале на нивна територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.