Странците најверојатно нема да може да влезат во Австралија до 2021 година. Австралија размислува да ги олесни правилата за влез за студентите и други посетители кои остануваат во земјата на подолго време.
Земјата доста успешно се справуваше со ширењето на коронавирусот, што особено се должи на ограничувањата во меѓународните патувања и строгите мерки за социјално дистанцирање.
Во Австралија досега има повеќе од 7.300 случаи на коронавирус, како и 102 починати. Во изминатите 24 часа се пријавени нови 22 случаи, што е најголема дневна бројка во последните 30-ина дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.