Маринскиот корпус на САД отпушти од служба 103 припадници на единицата затоа што одбиле да примат вакцина против Ковид-19. Ваквата одлука доаѓа откако војската почна да спроведува извршни дејствија за спроведување на одлуката за задолжителна вакцинација на војниците.
Според најновите податоци од Маринскиот корпус, досега, 95 отсто од активните маринци се вакцинирани, но службата сè уште ги обработува барањата за изземање.
Повеќе од 97 проценти од целата активна воена сила е делумно или целосно вакцинирана. Во воздухопловните сили целосно или делумно се вакцинирани 97,5 отсто од активните сили, додека во морнарицата се вакцинирани приближно 98 проценти од припадниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.