Корисниците на апликацијата Телеграм ширум светот пријавуваат проблеми во нејзиното функционирање, објави интернет сајтот „Даундетектор“ (Downdetector), кој ги следи грешките и поврзувањето на популарните интернет локации.

Според сајтот, евидентирани се вкупно 789 поплаки.

Вкупно 45 отсто од корисниците се пожалиле на проблеми со апликацијата, 36 отсто на проблеми со испраќање пораки, а 19 отсто имале проблеми при поврзувањето со серверот.

Русија, Украина, Полска и Холандија се меѓу земјите каде што најмногу корисници на Телеграм се соочиле со проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.