Авганистанската управа за цивилна авијација најави прекин на сите летови од аеродромот во Кабул до следното известување.
Сите летови на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи се суспендирани – се вели во соопштението на Агенцијата, објавено на Фејсбук.
Службата, исто така, ги повика граѓаните да не го посетуваат аеродромот „за да избегнат гужви и последователни можни инциденти“.
Агенцијата работи на продолжување на летовите меѓу авганистанските провинции и во странство.
Аеродромот во Кабул е во хаос од почетокот на минатата недела, од кога има голем број полетувања и слетувања на хеликоптери, кои евакуираа странски персонал, вклучувајќи дипломати и Авганистанци што работеле за странски мисии.
Многу Авганистанци упаднаа не само во аеродромската зграда, туку и во авионите во обид да ја напуштат земјата. На медиумите и социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од луѓе кои се качуваат на авион кој е подготвен за полетување, а на некои видеа се гледа како авионот полетува со луѓе на шасијата.
Според „Толо њуз“, најмалку 40 лица загинале на аеродромот како последица на истрели од огнено оружје, изгазени во стампедо и при паѓање од авион за време на евакуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.