Данска, Финска и Норвешка ги задржаа повеќето од забраните за патување во Шведска.

Норвешка од 15 јуни ќе дозволи патувања до и од Финска, Исланд и шведскиот остров Готланд, но ги задржа постојните ограничувања за патувања за континенталниот дел од Шведска поради големиот број случаи на ковид-19.

Доколку во исто време ги укинеме ограничувањата ризикуваме да ја изгубиме контролата и, во најлош случај, повторно да наметнеме инвазивни мерки – изјави норвешкиот премиер Ерна Солберг.

Претходно Финска соопшти дека ќе ги отвори границите за патници од шестте соседни држави, поради олеснувањето на мерки против коронавирусот, но дека во одлуката не е вклучена и Шведска.

За жал, епидемиската состојба во Шведска е толку лоша што сè уште не можеме да ги олесниме ограничувањата – изјави министерката за внатрешни работи, Марија Оисало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.