Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски во Брисел, изјави дека НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени.
Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа – изјави Столтенберг.
Генсекот на НАТО нагласи дека Алијасната нема да прави компромиси „за правото на Украина да го избере својот пат, ниту пак за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници“.
Столтенберг додаде дека соработката на НАТО со Украина е од одбранбен карактер и не претставува закана за Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.