Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата мора да ги засили своите воени операции за обука во Ирак за да се обезбеди нејзините членки да не се вратат во борба против екстремистите од Исламска држава.
– Треба да имаме силни обуки, да сториме сè, од министерствата за одбрана, институциите, командите и контролата, до обука на силите. НАТО тоа го може. Веќе го правиме тоа, но треба да засилиме, рече Столтенберг пред европратениците во Брисел.
НАТО во 2018 година одобри воена обука во Ирак, во која би биле вклучени околу 500 војници со цел создавање на ирачки вооружени сили кои би можеле подобро да се борат против екстремистичките групи, како што е ИД.
Сепак, операцијата беше ставена во мирување откако американските сили на почетокот од месецов го гаѓаа аеродромот во Багдад и го убија иранскиот командант, по што ирачката Влада побара од странските трупи да ја напуштат земјата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.