Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа од Варшава упати апел до Русија да го почитува Договорот за ракетите со краток и среден дострел (ИНФ), додавајќи оти Алијансата од своја страна нема да одговори на кршењето на ИНФ со поставување на нови нуклеарни ракети во Европа.
Мораме да бидеме подготвени, да планираме свет без ИНФ. Можам сосема сигурно да кажам дека нашиот одговор ќе биде избалансиран и координиран од цело НАТО. Немаме намера да поставуваме нови нуклеарни ракети во Европа, истакна Столтенберг по средбата со претседателот на Полска, Анжеј Дуда.
Тој додаде дека Русија веќе го крши ИНФ, бидејќи ги поставува своите мобилни ракети и ја повика Москва да го почитува Договорот бидејќи истиот претставува основа за безбедноста на Европа.
Генералниот секретар вчера претстојуваше во Полска по повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на земјата во Алијансата. Столтенберг потенцира дека со Полска е зајакнато источното крило на НАТО, но ја потенцира и улогата на полските војници во мисиите на Алијансата во странство.
Со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг разговарав и за ситуацијата во Црно Море, во Сирија и на Блискиот Исток, во регионот на Балтичко Море и за тоа што може да се очекува од Русија, а исто така, како и за тоа како да и помогнеме на Украина, посочи Дуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.