Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Украина ќе мора да одлучи колку територија е подготвена да жртвува за мир.
Столтенберг изјави дека Алијансата предводена од САД има за цел да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса, но додаде дека секој мировен договор ќе вклучува компромиси, вклучително и отстапување територија. Според него, мирот е можен.
Столтенберг вели дека Киев ќе мора да направи одредени територијални отстапки на Москва за да се стави крај на сегашниот конфликт.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека неименувани странски сили се обидуваат малку да ги „турнат“ кон договор, додека јавноста во земјите што ја поддржуваат Украина е „уморна од војната“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.