Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, им се приклучи на повиците за продолжување на работата на аеродромот во Кабул со цел да се поддржат авионските летови надвор од земјата.

За време на коментарите на разговорите на лидерите на Г-7, Столтенберг изјави дека неколку стотици вработени и соработници на НАТО обезбедиле критични услуги, како што се контрола на летање, снабдување со гориво и комуникација на аеродромот.

Столтенберг истакна и дека НАТО ја презела и координативната улога, со цел да се обезбеди евакуација на луѓето што е можно поефикасно.

Столтенберг изјави и дека главниот приоритет на НАТО е да се осигури дека Авганистан повторно нема да стане платформа за меѓународните терористи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.