Глумецот Стивен Сигал, кој е специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американските хуманитарни односи, во сабота официјално ќе стане член на руската партија „Праведна Русија – за вистината“. Оваа партија се занимава со еколошки прашања.

Како што соопшти прес-службата на партијата, Сигал претходно бил член на партијата „За вистината“, а сега е дел и од новата коалиција. Глумецот, сепак, нема намера да се кандидира за пратеник затоа што има и американско државјанство.

Сегал доби руско државјанство во ноември 2016 година.

Во октомври 2020 година, Владимир Путин му се заблагодари на Сигал за учеството во акцијата за зачувувањето на Бајкалскиот омул. Глумецот го посети Бајкалското Езеро летото 2020 година, по што изрази и желба за развој на својот деловен проект, патем проследен и со лекции по боречки вештини за тамошните млади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.