Индонезија се одлучи да спроведе различна стратегија при масовната вакцинација против Ковид-19 во обид брзо да се постигне имунитет на стадо. Планот предвидува предност при вакцинирањето да има возрасното работоспособно население, наместо старите лица, за да се помогне економијата.
Земјите кои веќе почнаа со масовната имунизација предност им даваат на старите лица кои се поранливи на корона вирусот, но Индонезија ќе има поинаков пристап, па веднаш по здравствените работници и јавните службеници, вакцина ќе добијат возрасните работоспособни жители.
Индонезија ја одобри употребата само на вакцината на кинеската компанија „Синовак“, за која засега нема доволно податоци како делува врз старите лица, бидејќи во клиничките тестирања учествувале луѓе на возраст од 18 до 59 години.
Ние не се придружуваме на трендот. Владата ќе ги почека препораките од државните регулатори пред да почне со вакцинирањето стари лица – изјавија од министерството за здравство.
Индонезија ќе добие 125,5 милиони дози од вакцината на „Синовак“ и притоа прво ќе се вакцинираат социјално и економски активни групи. Според министерот за здравство Буди Гунади Садикин, за да се постигне имунитет на стадо, ќе треба да се вакцинираат 181,5 милиони, односно 67% жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.