Автобус на автопревозникот Тан Турс од Куршумлија изгорел синоќа околу 23 часот. Автобусот сообраќал на линија Прокупље – Минхен, а до несреќата дошло во близина на Салцбург.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 12 патници. За среќа тие на време биле евакуирани. На автобусот е причинета голема материјална штета која се проценува околу 100.000 евра, а возачот е однесен во болница поради труење од чад.

Необично е на таков нов автобс да се случи толкав дефект, изјавиле од германската полиција за тамошните медиуми.

На местото на несреќата пристигнале 11 пожарникарни возила, а 50 пожарникари го гаселе автобусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.