Унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, двајцата најистакнати европски противници на нелегалните миграции, се сретнаа вчера на унгарската граница со Србија. Тие беа фотографирани покрај три метри високата ограда од бодликава жица која унгарската влада ја подигна во 2015 за да го спречи мигрантскиот бран по т.н. „балканска рута“ кој пристигнуваше од Блискиот исток и од Африка.

Салвини на средбата напоменал дека го брани европското христијанско наследство и го разгледал унгарскиот состав за надзор на границата, меѓу другото и од хеликоптер.

Веруваме дека новата Европа од 27 мај (ден по европските избори) ќе ги штити своите надворешни граници, било да се на копно, како во Унгарија, или во морето, како во Италија, изјави Салвини на конференција за новинари со неговиот унгарски колега Сандор Пинтером, додавајќи дека „Проблемот не е распределбата на мигрантите кои се веќе тука, туку спречување на пристигнување на илјадници други.

Заменикот на италијанскиот премиер, рече дека Европа би имала далеку помалку криминал и проблеми кога другите европски држави би имале еднакво сериозен и строг пристап кон миграцијата по примерот на Унгарија.

Орбан во изјава пред новинарите рече дека со Европа мора да владеат лидери кои се противат на имиграцијата, обвинувајќи ја ЕПП за отфрлање на десните партии кои завземаат цврст став против имиграцијата. Но сепак, тој не сигнализираше конечен прекин со ЕПП.

Мораме да пронајдеме нов начин за соработка со европското десно крило. Не знаеме каква групација ќе изгради Салвини, но се надеваме дека ќе биде силна. ЕПП мора да соработува со европската десница, истакнал тој.

Европската народна партија (ЕПП) ја суспендираше партијата на Орбан Фидес наведувајќи ги како причини непочитувањето на владеењето на правото, слободата на медиумите и правата на малцинствата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.