Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја посети Словенија, каде со премиерот и политички сојузник Јанез Јанша го отворија далноводот што ги поврзува двете држави. Проектот стар 20-тина години се соочуваше со големи пречки, пред се од словенечка страна, и е последната регионална врска со која државите од средна Европа се поврзуваат енергентски.

Кога државите решаваат да се поврзат, потребна е доверба, особено во витален ресурс како што е струјата. Ние работевме многу да ја обновиме довербата со нашите соседи, и по долг период во кој не обрнувавме многу внимание едни на други, сега сме два блиски народи со полна доверба, кои ги споделуваат своите ресурси, изјави Орбан, додавајќи дека далноводот е најголемата инвестиција меѓу Словенија и Унгарија во изминатите децении и дека наскоро ќе го следи изградба на гасовод и проширување на капацитетот на железничките врски.

Орбан посочи дека Унгарија во моментов има најефтин гас во Европа, и втора најниска цена на струјата.

Според Орбан, регионот на средна Европа добива на цена во меѓународната геополитика, со зголемениот интерес на големите сили за влијание во овој дел од светот.

Ние растеме во вредност и се зајакнуваме, добивање на значење. Центарот на економскиот раст на целата Европска Унија се пренесува на исток, кон средна Европа. Паралелно со тоа, големите и моќни држави се обидуваа да добијат влијание кај нас и регионот станува седиште на геоплитички игри. На тоа не треба да се гледа како на проблем, туку е добар знак дека средна Европа станува значајна. ЕУ веќе не е само германско-француската оска, туку се поважен станува односот на западна со средна Европа, изјави Орбан.

Összekötjük a magyar és szlovén villamosenergia-hálózatot // We are connecting the Hungarian and Slovenian electric systems

Gepostet von Orbán Viktor am Mittwoch, 14. Oktober 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.