21-годишна Србинка се степала со едно момче на улица, па влегла во физичка пресметка со виенската полиција додека дваесетина момчиња ја бранеле.
Полицајците дошле на самото место по пријава дека девојка вика и тепа момче, но кога се обиделе да ѝ стават лисици, од блиското кафуле излетале дваесетина момчиња кои барале од полицијата да ја остави девојката на мир. За целото време девојката ги пцуела полицајците и одбивала да им се покори, а кога еден полицаец се обидел да ѝ стави лисици на нозете, таа неколку пати го шутнала во глава, објави Курир.рс.
Поради таквиот отпор, полицајците биле принудени да повикаат уште 14 свои колеги, а едно 25-годишно момче, за кое се верува дека е од Србија и еден 28-годишен Австриец се обиделе физички да ги нападнат полицајците, при што одземале една полициска моторола и ја скршиле.
Тие двајца се веднаш приведени, но тоа не било крај на инцидентите, затоа што на пат кон станицата, Австриецот ја уништил внатрешноста на полициското возило, а ја искршил и вратата на автомобилот. Поради тоа, морало да дојде ново возило.
Кај него бил пронајден бел прав, за кој се верува дека е кокаин, поради што тој добил пријава за недозволено поседување дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.