Германската полиција уапси 24-годишен српски државјанин и негов 16-годишен соработник за измама на централната железничка станица во Бохум, град на западот од земјата. Според медиумите, тие ги мамеле луѓето со тоа што им наплаќале за користење на тоалети, а од полицијата истакнуваат дека не паметат таков случај.

Никогаш не сме имале ваков случај, рече портпаролката на полицијата.

Порталот „ВАЗ“ пишува дека и двајцата ја негирале вината тврдејќи дека не се познавале и дека случајно се сретнале во тоалетот. Се додава дека осомничениот тинејџер има германско државјанство.

Тие биле разоткриени во понеделникот кога вработените на железничката станица повикале полиција бидејќи патниците пријавиле дека некои сомнителни мажи им наплаќаат за користење на тоалетот. Наводно, осомничените им рекле на патниците дека главниот влез е искршен и дека можат да влезат во тоалетот на задниот влез, но доколку платат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.