Поранешната специјална обвинителка на Романија, Лаура Ковеси, доби забрана да ја напушти државата откако романското обвинителство отвори истрага против неа поради корупција. Ковеси, која е кандидат на Европскиот Парламент за член на новосоздаденото Европско јавно обвинителство се сомничи дека ја злоупотребила службената положба, примање мито и лажно сведочење. Сопред романските медиуми, таа денес била сослушана во полициска станица во Букурешт.
„Ова е мерка со која сакаат да ме замолчат, да не малтретираат сите нас од судскиот систем кои ја работиме нашата работа. Веројатно некои луѓе се толку очајни што можам да ја добијам оваа функција што не ми е дозволено ниту да зборувам за медиумите.“ – изјави Ковеси.
Одлуката да се кандидира Ковеси за обвинителската позиција во Европската Унија е оспорена од романската влада која ја предводат социјалдемократите а Минатата година таа беше отстранета од највисоката функција во директоратот за антикорупција во Романија. Од Европската Комисија побараа од Романија да не ја попречува нејзината кандидатура за европски обвинител.
„Клучно е кандидатите да бидат третирани на фер начин во овој процес, затоа Европската Комисија ја повикува романската Влада и власти целосно да го почитуваат принципот на чесна соработка во процедурата на селекција на европски обвинител, сите кандидати треба да бидат во можност непречено да учествуваат во сите етапи на процедурата.“ – изјави Маргаритис Шинас, портпарол на Европската комисија.
Во периодот помеѓу 2013 и 2018 година, Ковеси, која ја извршуваше функцијата главен обвинител беше една од причини за големиот број на осудени политичари во Романија, меѓу кои имаше и министри и пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.