Поранешниот припадник на американските морнарички „фоки“, кој го уби Осама бин Ладен, доби забрана за летање со комерцијалната авионска компанија „Делта ерлајнс“, поради неносење заштитна маска.
Роберт О’Нил (44) ја доби забраната откако се сликал и се пофали со тоа на Твитер.
Не сум п**ка – напиша О’Нил кусо до фотографијата.
По извесно време, тој во нова објава ги извести своите следачи и за забраната за летови.
Подоцна, ветеранот се шегуваше и дека тој „не е лошото момче“, туку дека го убил лошото момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.