Индонезиските власти откриле сигнали од две локации во Јаванското море. Се верува дека тие можеби потекнуваат од црната кутија на авионот на „Сривиџаја ер“, кој исчезна од радарите само четири минути по полетувањето на домашен лет од Џакарта за Понтијанак., паднат
Спасувачките екипи пронашле делови од човечки тела и парчиња од трупот на авионот. Во него имало 56 патници и шест членови на екипажот, вкупно 62 лица.
Сè уште нема официјални податоци за жртвите.
Авионот „боинг 737-500“, на компанијата „Сривиџаја ер“, вчера непосредно по полетувањето во 7 часот и 40 минути, паднал во морето откако нагло ја изгубил висината и набгу по полетувањето од индонезиската престолнина го загубил контактот со контролата на летање и исчезнал од радарите.
Роднините на исчезнатите патници, уште од вчера со нетрпение чекаат вести за авионот и судбината на нивните најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.