Шпанската поморска служба за спасување во текот на викендот успеа да спаси 549 мигранти кои се обиделе да преминат преку Средоземно Море.
Службата соопшти дека вчера пресретнале шест мали чамци со вкупно 350 мигранти во водите источно од Гибралтар.
Денеска се спасени уште 199 мигранти кои се префрлиле на пет чамци од кои два гумени.
Според податоците на Обединети нации, 2.262 мигранти загинале преминувајќи го Средоземно море во 2018 година.
Податоците на Европската агенција за граници покажуваат дека околу 57.000 мигранти дошле во Шпанија во 2018 година, што е речиси двојно во споредба со претходната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.